Жител од струмичко Градашорци загина на лице место , три се потешко а осум полесно повредени во синоќешната сообраќајка што се случи синока на магистралниот патен правец Струмица Радовиш кај василевската раскрсница.
Несреќата се случила неколку минути пред 19 часот а во истатат учествувале три возила од кои во едното имало 11 мигранит од Пакистан. Засега полицијата не открива како дошло до сообраќајката која заврши кобно за 34 годишен жител од Градашорци а неговата мајка е потешко повредена кои биле во возилото фолсфаген пасат.
Според првичните непотврдени информации возилото опел астра управувано од 55 годишен скопјанец каде биле мигрантите бегал од полицијата. По ударот излетало од коловозот и удрил во бетонската ограда на околните индустриски капацитети Според МВР во несреката учествувало и возило ауди управувано од жител од Скопје каде имало 3 сопатници.
Во вадењето на лицата интервенирале и шест пожарникари од струмичакта противпожарна еднициа кои со специјални хидраулични алатки ги ваделе повредените од возилата кои беа уништени Возачот на мигрантите и едно лице од Пакистан, мајката на починатиот од несреќата се здобиле со тешки а други 5 лица со полесни повреди Јавен обвинител и полициска екипа извршија увид на местото на несреката и ги утврдуваат причините за кобната несреќа