СЗО: Ковид-19 ретко се шири од асимптоматски пациенти – ММС
ММС

Објавено на: 06/9/20 11:06 AM

СЗО: Ковид-19 ретко се шири од асимптоматски пациенти

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пренесувањето на коронавиусот од асимптоматски пациенти, кои не покажуваат знаци на болест, на друг е многу ретко.

Шефот на програмата за борба против Ковид-19 на СЗО, Марија ван Керове, во изјава дадена во Женева, рече дека ги разгледуваат податоците од различни земји за тоа како се пренесува Ковид-19.

Според податоците што ги добиле, таа рече дека е многу ретко се случувало Ковид-19 да се пренесе од асимптоматски пациенти на некој друг и оти истражувањата на оваа тема продолжуваат.

Керкове нагласи дека владите треба да се фокусираат повеќе на симптоматските случаи за да го спречат ширењето на Ковид-19.

Во претходните студии беше наведено дека лице што не покажува симптоми на болеста Ковид-19 може лесно да ја шири.