Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, ги објави резултатите од најновите испитувања на водата на Дојранското Езеро што при крајот на мај ги направи Центарот за јавно здравје од Велес.
-Резултатите од сите примероци за анализа на водата, кои беа земани од Градската плажа, како и од плажите Гранико и Полин, покажаа дека водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба и дека, според стручното мислење, таа е безбедна за капење и рекреација на гостите, со изјави Ангов.
Тие се исти како и резултатите од минатата година, поточно ја истакнуваат непроменетата одлична сотојба на водата и покажуваат параметри кои не се штетни по здравјето на луѓето.
За време на туристичката сезона, во месеците јули и август ќе бидат направени уште неколку анализи за квалитетот на водата во Дојранското Езеро.
МИА