„Голф 2“, еден од најпопуларните автомобили во Босна и Хрецеговина, а и во СФРЈ, во Сараево првпат е произведен на денешен ден пред 35 години. „Творница аутомоила Сарајево“ (ТАС) беше автоиндустрија што произведуваше повеќе „фолксвагенови“ возила, а стратуваше со монтажата на некогаш популарната „буба“.
По осум години производство на првата генерација „голф“, во јуни 1985 година од производствените ленти во ТАС излезе првиот „фолксваген голф“ од втората генерација. Производството се стабилизираше на 25.000 возила годишно. Во 1988 година работеа 3.109 рабоници кои произведоа 28.341 автомобил, од кои 15.814 директно му беа испорачани на „Фолксваген“. Во 1989 година беше постигнат рекорд со произведени 37.411 возила. Многу автомобили „голф 2“ беа продадени во југословенските републики. Речиси половината од нив се продаваа на словенечкиот пазар, по 20 отсто во Босна и Херцеговина и во Хратска, а десет отсто во Србија, Македонија и во Црна Гора.
Автомобилот „голф 2“ТАС го приизведуваш до 1992 година, кога во Босна и Херцеговина почна војната. Фабриката првин беше ограбена, а потоа и целосно уништена. Пред војната, во ТАС беа направени неколку пробни примероци и на „голф 3“, но тој никогаш не стигна до сериско приизводство токму поради почетокот на воеите дејства, пишува сараевски „Аваз“.