Сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. Максималната температура до 30 степени. Таква е прогнозата на УХМР за денеска.
Слично време се очекува и во следните денови, со благ пораст на максималната темпратура, која кон крајот на неделава се очекува да достигне до 33 степени.