Кој го толерирал криминалот во Фени и зошто не се спроведуваале законите – ММС
ММС

Објавено на: 06/8/18 2:25 PM

Кој го толерирал криминалот во Фени и зошто не се спроведуваале законите

Кој го прикривал криминалот во Фени индустри, кој ги затворал очите кога над 50 милиони евра биле испумпани надвор од земјата и зошто некој толерирал две години комбинатот за никел да не поднесе завршна сметка – ова се само дел од прашањата на кои повеќе од 800 вработени во кавадаречката фабрика и ден денес бараат одговор преку медиумите.

Но и покрај бројните шпекулации цврсти на својот став и понатаму остануваат вработените, тие сметаат дека претходното раководство е најголемиот виновник зашто во изминатите две години работеле само за сопствени интереси, ја довеле фабриката во стечај, а финансиската полиција и УЈП тропнале на вратите на комбинатот. Останува отворено прашањето како Фени од успешна приказна со заработка и до 100 милиони евра годишно дојде до стечај и неизвесна иднина.  Според бројни познавачи на сотојбите овде, сегашни вработени, поранешни и експерти во металургијата, проблемите започнале во 2015 година каде сопственици на фабриката, пола пола биле  израелската БСГ Рисорсис и казахстанската ИМР како дел до Кунико Рисорсис. Недоразбирањата околу сопственоста довеле по судски пат доминатни сопственици да станат ИМР а условот бил да отворат сметка со 68 милиони долари каде Фени ќе повлекува средства за тековните процеси и покривање на долговите. Но, од тоа немало ништо, а раководството од залихите и производите ги покривало долговите на компанијата. Тогаш Јусуф Миракхмедов кој претходно бил менаџер на магацин во Фени станал генерален директор, што ги изненадило вработените уште веднаш по неговото назначување и несериозниот пристап во работењето по што започнало и пропаѓањето на фабриката.

Многу измами, малверзации, залог на акции и милионски долгови кон транспортерите,ги укажале вистинските намери на Кунико. За да ја избегнат одговорноста,се обидуваат да ја продадат фабриката на бугарски Енекод, кој од нивна страна беше преставуван како спасител на Фени. На судското рочиште во Велес тие наместо понуда,побараа изземање на овој суд  со изговор дека судот во Скопје бил подобра варијанта зашто бил поблиску до банките доверители и стечајниот управник, кои подоцна негираа дека го побарале тоа.  Следува извештајот дека Енекод не е во можност да преземе компанија која должи над 60 милиони евра, а банките откриваат дека залогот во никел и руда и не постои. Откако се обелоденија сите неправилности во Фени,за раководството излегоа кривични пријави, Миракхмедов избега од земјава, 800 те вработени беа во неизвесност а компанијата остана со долг од скоро 70 милиони евра. Во Фени законите се кршеле, а криминалот се толерирал.

 

Билјана Тошевски