Пробајте го рецептот за јајца на принцот Чарлс, совршен појадок – ММС
ММС

Објавено на: 06/8/20 5:46 PM

Пробајте го рецептот за јајца на принцот Чарлс, совршен појадок

Принцот Чарлс на социјалните медиуми откри рецепт за неговиот омилен појадок, а тоа се јајца.

Според странските медиуми, тој секој ден јаде варени јајца, а овој пат сподели малку поинаков рецепт, тоа се пржени јајца со сирење. Од состојките, потребни ви се 100 грама спанаќ, еден чери домат, 35 грама меко сирење со силен вкус, едно јајце, 80 грама павлака, 15 грама рендано тврдо сирење и свеж босилек, пишува Fox News.

Подмачкајте со путер мала тава за печење. Обложете ја со спанаќ, така што ќе оставите мал круг во средина. Исечете ги чери  доматите на четвртини и ставете ги врз спанаќот. Посипете меко сирење помеѓу доматите. Додадете го босилекот. Додадете сол и бибер. Скршете го јајцето во средина на спанаќот. Прелијте го со кисела павлака, но обидете се да не ја упропастите белкатаод јајцето, да остане цела. Посипете со рендано сирење. Ставете во загреана рерна на 180 степени за 8 до 10 минути и вашиот појадок е подготвен.

Извор: vijesti.me