Ќе ги издржам нападите заради тоа што сум цврст како куче, изјави Караџовски – ММС
ММС

Објавено на: 06/8/20 3:49 PM

Ќе ги издржам нападите заради тоа што сум цврст како куче, изјави Караџовски

Последната препорака на Комисијата за заразни болести во насока на воведување на нов полициски час во оние градови и места каде што ситуацијата со коронавирусот е загрижувачка, од 22 часот навечер до пет часот наутро, наиде на широко негодување од граѓаните. Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски, објасни уште еднаш дека Комисијата е советодавно тело на Министерството за здравство, а не извршно, додавајќи дека крајните одлуки ги носи Министерството за здравство и министерот Венко Филипче. Критиките од јавноста на негова сметка, според него се неоправдани и непријатни, но во име на борбата против пандемијата тој е подготвен да ги издржи.

-Ние не сме Влада на државава. Главен кризен штаб на државава ги донесува одлуките. Четврти пат доаѓам во Влада. Министерот Венко Филипче ми е тринаесетти министер. Ве молам тоа да го имате предвид, пред јавно да ме напаѓате. Не ми е пријатно и мене и на мојата фамилија. Но јас заради тоа ќе издржам, заради тоа што сум цврст како куче, изјави Караџовски.

Во изминатото деноноќие се регистрирани нови 127 случаи со Ковид-19., оздравени се седумина. По градови највеќе во Скопје, дури 67 пациенти.