Османи: Проектот на ДУИ за Албанец премиер е натпартиска идеја – ММС
ММС

Објавено на: 06/8/20 11:11 AM

Османи: Проектот на ДУИ за Албанец премиер е натпартиска идеја

Проектот за Албанец премиер не е ад хок идеја на ДУИ, туку важно парче од мозаикот на стартегијата на ДУИ за постигнување на целосна еднаквост, и треба да се заврши со рушење на последното табу, последното место на отпор за другите заедници да бидат позиционирани, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

-Во оваа држава сите сме едкакви, секој има право да биде избран и да избира. И од тука идејата е да се избере првиот премиер Албанец, премиер на еднаквоста кој што ќе ги сруши сите стереотипи и табуа дека во оваа држава се уште постојат места каде Албанците не можат да пристапат, рече Османи.

Тој посочи дека ова било најавено уште во 2009 на конгресот на партијата кога Али Ахмети спомнал 12 позиции во државата кои се недопирливи за Албанците меѓу кои и Народниот правобранител, Претседателот на Собранието, Премиерот на државата, Претседателот на државата.

-Сите во овој период се остварија. Имавме и министер за одбрана Албанец, и претседател на Врховен суд и претседател на Собрание. Така што логичен след дека сега е време да се руши и  последното место на отпор кон предрасудите дека етнички монопол кон која било позиција во Владата. Ова е моментот, Албанците тоа го чувствуваат и се мобилизираат масовно. Оваа идеја не е партиска туку надпартиска идеја и проект, и очекуваме поддршка од сите, рече Османи запрашан дали идејата за Албанец премиер не е популизам.

Тој очекува за оваа идеја поддршка не само од албанските граѓани и албанските политички партии и организции, туку, вели, и од македонските граѓани и партии кои не сакаат да ја видат државата како место каде се уште постојат  предрасуди и етнички монопол. Смета дека свеста за тоа расте и кај македонската заедница, бидејќи, вели, сите добија со именувањето на Албанец за претседател на Собранието, за министер за внатрешни работи, министер за одбарна, претседател на Врховен суд.

-Ова е процес за кој секогаш на почетокот се изразуваат дилеми, се отфрла. Ист ваков отпор имавме за секој наш проект, исто вакво одбивање имавме и од страна на некои албански политички партии, но на крај излезе дека оваа држаца само стана посилна, посплотена и поунифицира со сите рушења овие предрасуди и помопол, рече Османи.

МИА