Среќко не го посака среќата: Бездомни кучиња растргнаа кенгур во српска зоо-градина – ММС
ММС

Објавено на: 06/8/20 9:21 AM

Среќко не го посака среќата: Бездомни кучиња растргнаа кенгур во српска зоо-градина

Чуварите на зоолошката градина „Коки“ во Инѓија, Србија, во петокот затекнале стравичен призор. Во боксот во кој живеел кенгурот Среќко лежело неговото растргнато тело. Тие велат дека за тоа се виновни бездомни кучиња, но и оти тие самите тешко можеле да го искриват лимот со кој бил заграден Среќко, па веројатно во тоа учствувал некој несовесен.

„Не дочека страшен призор. Нашиот Среќко веќе го нема. За него се боревме со срце и душа да дојде во нашата зоо-градина и на децата од градот да им овозможи да уживаат во уште еден редок животнински вид“, пишува во објавата на зоо-паркот на Фејсбук.

Среќко во Инѓија стигна на 4 јуни како подарок од белградска зоолошка градина, а трагедијата го снајде само по еден ден, пишуваат српски медиуми.