Од почетокот на пандемијата на коронавирусот досега во светот починале повеќе од 400.000 луѓе, а бројот на инфицираните од вирусот достигна до седум милиони, објави американскиот универзитет Џонс Хопкинс.
Најмногу заразени има во САД – речиси два милиона. Во САД е регистриран и најголем број починати – околу 110.000. Втора е Велика Британија со повеќе од 40.000, потоа Бразил со 36.000, па Италија со 34.000…