Словенечката Влада објави дека донела одлука сите оние кои доаѓаат од Македонија да мораат да одат во задолжителен 14-дневен карантин, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Ваквата одлука важи за сите, без разлика дали се државјани на Словенија, Македонија или држава членка на Европската Унија.
– Епидемиолошката ситуација во Северна Македонија е вонредно тешка. Сите они кои во Словенија ќе дојдат од таа држава, дури и словенечките државјани, мораат да одат во 14-дневен карантин, објави словенечкото Министерство за внатрешни работи.
Карантинот за Словенците кои се враќаат дома од други земји е укинат пред три недели


