Словенија: Сите кои доаѓаат од Македонија во задолжителен 14-дневен карантин – ММС
ММС

Објавено на: 06/8/20 8:23 AM

Словенија: Сите кои доаѓаат од Македонија во задолжителен 14-дневен карантин

Словенечката Влада објави дека донела одлука сите оние кои доаѓаат од Македонија да мораат да одат во задолжителен 14-дневен карантин, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ваквата одлука важи за сите, без разлика дали се државјани на Словенија, Македонија или држава членка на Европската Унија.

– Епидемиолошката ситуација во Северна Македонија е вонредно тешка. Сите они кои во Словенија ќе дојдат од таа држава, дури и словенечките државјани, мораат да одат во 14-дневен карантин, објави словенечкото Министерство за внатрешни работи.

Карантинот за Словенците кои се враќаат дома од други земји е укинат пред три недели