Дали жените или мажите се поподготвени да станат донори на своите најблиски? Што мислите? Меѓународните организации кои се специјализирани за пронаоѓање на донори за трансплантација на бубрег, ја откриваат вистината за оваа љубопитна статистика.
Вистината е дека поубавиот пол е поблагонаклонет да се раздели со орган од своето тело за да им помогне на роднините или пријателите.
Истражувањата покажуваат дека 36% од сопругите се подготвени да се разделат од бубрегот за да биде трансплантиран на мажот. За разлика од жените, мажите се многу повеќе себични. Според резултатите презентирани од организацијата Евротрансплант, само 6,5% од посилниот пол би направиле такво нешто за неговата сопруга. Излегува дека две третини од примателите на бубрезите во светот се мажи, а две третини од донаторите се жени.
Освен ако не постојат контраиндикации, донирањето на бубрезите не претставува ризик за здравјето на донорот, освен вообичаените ризици поврзани со самата операција.
Експертите веруваат дека жените се поподготвени да ги донираат своите бубрези поради поголем алтруизам и желба да му помогнат на некој член на семејството, за да оздрави.
Извор: Здраве.то