(Видео) Тажна љубовна приказна крие шумата во вид на гитара – ММС
ММС

Објавено на: 06/7/20 7:09 PM

(Видео) Тажна љубовна приказна крие шумата во вид на гитара

Некои љубови се толку силни и безвремени што се пишуваат книги за нив, се раскажуваат приказни и се пеат песни. Сека животот пишува романи се увери и Педро Мартин од Аргентина, единствениот човек во светот кој поседува шума во форма на гитара. Сепак, зад овој дел, на кој се восхитува на сите што се наоѓаат во воздухот над шумата, во регионот Памар, се крие тажна љубовна приказна.

Педро овој нтересен потфат го испланирал со сопругата Грациела.  Грациела ја открила инспирација кога некогаш летала со авион над Пампа и забележала фарма која, од воздух, личи на ведро за млеко. Таа решила да направи гигантска гитара на нивната фарма, затоа што отсекогаш го сакала тој инструмент. Тие сакаа да се посветат на реализацијата на тој проект веднаш штом ќе имаат повеќе време.

За жал, Грациела починала ненадејно на 25-годишна возраст. Аневризмата на мозокот ја покоси и неа нејзиното пето дете што го носела. Несреќниот Педро не сакал да ја остави желбата на својата сопруга неисполнета, па решил сам да ја засади шумата по неколку години. Сега, Педро има 71 година, тој и неговите четири деца сите овие години засадиле скоро 7.000 дрвја. Биле потребни неколку децении шумата конечно да ја добие посакуваната форма.

За рабовите користел чемпрес, од кој направил ѕвезда во средината, а користел син еукалиптус за да направи жици на гитара. Во погледот на несекојдневната шума уживаат многу туристи кои се вивнуваат во небото над Пампас, додека Педро, нејзиниот креатор, ужива во убавините на својата шума што го потсетува на љубовта, само со гледање на слики, затоа што тој се плаши од летање.

https://www.youtube.com/watch?v=1sCviltotWc

Извор: informer.rs