Сахер торта, карантин торта на Биба Додева – ММС
ММС

Објавено на: 06/7/20 1:06 PM

Сахер торта, карантин торта на Биба Додева

Пејачката Биба Додева, како совесна времето го поминува во карантин, почитувајќи ги препораките за заштита од Ковид-19. А бидејќи не се доседува, времето го искористи за прв пат да ја направи популарната торта „Сахер“ и да даде рецепт за сите што се љубители на тортите.

-Еве го рецептот, тоа што јас ја правев во тавче број 26. Откако ги измешав јајцата и топеното чоколадо, белките ги ставив мешајќи ги со лажица, не со миксер иако во рецептатат пишува дека се мешаат со миксер. Во глазурата ставив и малку путер, неколку лажички хопла и две лажици какао, вели Биба.

Потрено е: 160 грама чоколада и 140 грама путер да се стопат на пареа. Посебно се матат 6 жолтки, со 160 грама шеќер и еден ванилин шеќер и сето тоа се соединува со чоколадото. Потоа се додаваат 100 грама брашно и еден прашок за пециво во смесата со чоколадото. На крај се миксираат белките и се додаваат. На замаслена хартија се става во тавче број 26. Се пече 20 минути на 100 степени, па 25 минути на 150 степени. И на крај 15 минути на 180 степени. Од оваа смеса се добиваат три кори, кои се прелеваат со сок од портокал и џем.  Ја преливате со    200 милилитри слатка павлака и 200 грама чоколада.

„На крајот се лижат прсти и се заборава на диета“, вели таа.