Ковид -19 не ги напаѓа пушачите, информираат истражувачите – ММС
ММС

Објавено на: 06/7/20 12:21 PM

Ковид -19 не ги напаѓа пушачите, информираат истражувачите

Пушачите имаат помала веројатност дека ќе бидат позитивни на тестот на корона вирусот, покажале истражувањата, кои нудат уште повеќе докази дека ова, без сомнение, лоша навика, може да штити од Ковид-19.

Откако почна пандемијата на корона вирусот истражувачите забележале необична ниска стапка на пушачи заразени од Ковид-19, а особено биле ретки меѓу тешко заболените. Се верува дека токму истражувачите од Изрел, поточно од компанијата Clalit Health Services први откриле дека возрасните луѓе, кои пушат ќе имаат помала веројатност да се заразат. Тие истражувале податоци од три милиони луѓе, вклучувајки и 115.000 негативно тестирани на вирусот, и ја откриле необичната заштита од пушењето.