Во СВР Битола вчера во 9 часот Ж.М. од село Пашино Рувци-Кривогаштани пријавил дека во сопствениот двор при вршење на земјоделски работи, пронашол една неексплодирана граната кал.75мм од Првата Светска војна.
Експлозивната направа, како што информира МВР, е подигната од стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување Битола за понатамошна постапка.