Дала отказ на работа за да го дои мажот на два часа – ММС
ММС

Објавено на: 06/7/20 9:55 AM

Дала отказ на работа за да го дои мажот на два часа

Многу жени го продолжија времето на доење на своите деца на неколку години, но за некои тоа не беше доволно. Dženifer Mulford од САД е една од тие луѓе, но таа најде решение за нејзината потреба, пренесува Your Tango. Џенифер со партнерот Brad Lison стана дел од „ ABR“,Adult Breastfeeding Relationshipили.

„Кога прочитав за поврзаноста меѓу две лица преку доењето, бев љубоморна. Секогаш сакав за време на сексот да ме допираат по градите, па знаев дека ќе го сакам ова “, призна таа.

Иако оваа практика се чини како нешто ново, тоа е всушност стар феномен. Уште од ренесансата, луѓето ја практикувале оваа појава и дури препорачувале мајчино млеко на постари и болни мажи за да  добијат витамини и хранливи материи потребни за здравје, за кои се сметало дека доаѓаат само од мајчиното млеко. Денес, овој феномен станува се почест, но повеќето луѓе сè уште се кријат. Други, како Џенифер, го промовираат и го слават овој чин.

Кога Џенифер за прв пат се обидела да најде партнер за доење и да влезе во таа заедница, не нашла никој со слични интереси, но потоа се јавила на нејзиното поранешно момче Бред. „И двајцата сакавме иста работа во нашата врска, магичното поврзување со доењето“, рече таа. Иако доењето се чини како лесна работа, тоа всушност бара многу работа, особено со Џенифер која ги роди своите деца пред 20 години. За тоа е потребно распоред за доење, како кај новороденчињата, т.е. треба да го доите вашиот партнер на секои два часа за да може нејзиното млеко да започне да тече. Затоа, Џенифер дал отказ од работа и се посветила целосно на доењето.

„Ова е посебна врска помеѓу нас, поголема интимност, две лица кои стануваат едно“, рече Џенифер за нејзината врска, додавајќи дека нивното доење резултира во секс, шест од седум пати. Иако имаат посебна врска,Џенифер не е подготвена да дои во јавноста, иако нејзиниот партнер Бред тоа го сака.

„Јас сум многу отворен за таа опција. Немам намера на никому да удоволувам.  На крајот на денот, јас сум своја личност. Се усреќувам себе си, а и неа “, рече Бред.

Извор: espreso.rs

Фото: Фејсбук