Германија во шок: Најголемата ѕвезда не игра на Мундијалот!? – ММС
ММС

Објавено на: 06/8/18 10:56 AM

Германија во шок: Најголемата ѕвезда не игра на Мундијалот!?

На една недела пред почетокот на Светското првенство, актуелниот планетарен шампион е под закана да игра без најдобриот играч и фудбалер од кого зависат многу работи во играта.

Месут Озил се повреди на пријателскиот натпревар против Австрија, но неколку дена подоцна прогнозите за неговата состојба не се воопшто оптимистички. Весникот Билд пренесува дека лекарскиот тим на репрезентацијата прави се за да го врати во екипата, но Озил не тренира веќе четири дена и се помали се шансите да отпатува во Русија.

За тоа колку фудбалерот на Арсенал е значаен за германската репрезентација, најдобро зборува фактот дека досега одигра 90 натпревари за националниот тим и постигна 27 гола.

Извор: sportclub.mk