Овој едноставен пијалок го зајакнува имунолошкиот систем, го хидрира организмот, ја крева енергијата и го потиснува утринското чувство на замор и поспаност. Сè на сè, совршена алтернатива на кафето.
Потребно е:
мед
сок од половина лимон
чаша вода
Ставете водата да зврие, па оставете ја малку да се излади. Истурете ја водата во чаша и додадете мед и сок од половина лимон. Промешајте додека медот не се раствори и испијте го топло.
Фото: nobel.ba


