Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, преку објавување на видео на неговите официјални профили на социјалните платформи, денеска ја продолжи кампањата за прв Албанец премиер на земјава.
,,Дојдено е времето пријатели, да се обединеме, затоа што кога сме обединети се е можно, како што бевме обедините во ОНА за време на војната или при изборот на првиот Албанец претседател на Собранието, зачленувањето во НАТО и отпочнувањето на преговори за членство во Европската Унија. Време е за Албанец премиер”, напиша Ахмети.
https://www.facebook.com/AliAhmetiOfficial/videos/546293909587766/