Владата одлучи, изборите на ректор ќе бидат ставени во мирување – ММС
ММС

Објавено на: 06/6/20 3:26 PM

Владата одлучи, изборите на ректор ќе бидат ставени во мирување

Владата го стави во мирување изборот на Ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ додека трае вонредната состојба. Дејствијата кои се преземени претходно се сметаат за важечки, а останатите дејствија ќе продолжат по завршување на вонредната состојба и по престанок на ограничувањата предвидени со закон.

На оваа седница на Владата направено е и допрецизирање во членот 5 од Уредбата за законот за високо образование, кој предвидува дека на органите на универзитетите на кои мандатот им истекува за време на вонредната состојба, постапките за избор ќе ја започнат, односно продолжат во рок од 30 дена од завршување на вонредната состојба. Со ова дополнување се регулира дека сите почнати постапки за избор на раководен орган пред стапување во сила на оваа уредба ќе се стават во мирување.

Актуелниот ректор Никола  Јанкуловски со свој став дека неговиот мандат не истекува сега, туку на 15 септември и затоа за него не важела старата уредба која претрпела промени.

Тројцата кандидати за ректор на УКИМ   Вујица Живковиќ, Петар Атанасовски и Драги Димитриевски вчера преку соопштение до јавноста реагираа дека по растот на случаи со Ковид-19 изборот за ректор во услови на  вонредна состојба значи прекршување на здравствените мерки и препораки.