Петмина повредени во комбе кај Штип – ММС
ММС

Објавено на: 06/8/18 9:24 AM

Петмина повредени во комбе кај Штип

Изутрината околу седум часот на патот Штип – Велес, кај селото Криви Дол, излетало комби од марката Мерцедес, при што со повреди завршија пет од патниците.

Возилото влетало во подлабока бездна покрај патот, а на патот се гледаат траги од кочење. Полицијата неколку часа правеше увид, но тоа значајно не го наруши сообраќајот.

Од СВР Штип го потврдуваат случајот и додаваат дека тројца од петемина повредени патници завршиле по потешки повреди. Детали најација за подоцна во текот на денот.

Нападнат наставник на прослава на полуматура Синоќа во 21.00 часот во хотел во Прилеп, за време на прослава на полуматура од основното училиште „Климент Охридски“, непознато лице се обидело со остар предмет да го нападне наставникот С.Ј. (61) од Прилеп.

Според МВР, сторителот се качил на терасата и му се заканил на наставникот, кој седел на една од масите на терасата, дека ќе го избоде со нож.

Тој бил спречен од присутните, по што наставникот влегол во салата од хотелот. Во тој момент сторителот потрчал по него со шилест предмет во раката. За да се заштити, С.Ј. турнал столица накај лицето, по што бил совладан од обезбедувањето во салата.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.