Во Кичево приведено едно лице за непочитување на полицискиот час – ММС
ММС

Објавено на: 06/6/20 1:29 PM

Во Кичево приведено едно лице за непочитување на полицискиот час

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, единаесет лица не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот, од нив само едно лице од Кичево.

– Тој е приведен и против него ќе биде поднесена пријава за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”. Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди, информира портпаролот Стефан Димоски.

Тој додаде дека на подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 161 лице, од кои 18 во Кичево , додека пак во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 94 лица, осум од нив во Кичево.

Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 61 контроли на угостителски и други објекти, од нив 22 во Кичево.

– Во истиот период, полициските службеници констатирале 126 прекршоци за неносење лична заштита на лицето, 18 во Кичево, појасни Димоски.

миа