(Видео) Ако сте заборавиле што е љубов, погледнете ги Медо и Бамби- Жителите на кичевското село Белица уживаат во законите на природата – ММС
ММС

Објавено на: 06/6/20 10:57 AM

(Видео) Ако сте заборавиле што е љубов, погледнете ги Медо и Бамби- Жителите на кичевското село Белица уживаат во законите на природата

Луѓето го забораваат вистинското значење на  љубовта и пријателството, забораваат да ја почитуваат природата и нејзините закони. Денес за тоа не потсети кучето Медо од кичевското село Белица, кое на сопственикот Кире Радески му донесе штотуку родено срнче, за кое се грижи како да му е мајка.  Видеото со Медо кое беше споделено на Фејсбук групата Белица  ги воодушеви сите.

https://www.facebook.com/belica.mk/videos/180240473393948/

Семејството Радески ја има привилегијата  веќе неколку години да живее со срндакот Бамби, кој уште од мал ги избра да му бидат „старатели“ а нивниот дом си го призна за свој.  На страницата на Белица уште од порано се постираа видеа од оваа мелем глетка. Бамби е шета низ шумата па се враќа кај Радески да се стопли и да се дружи.

https://www.facebook.com/belica.mk/videos/2225506531079371/?t=191&v=2225506531079371