Повеќе од шест милиони полнолетни Срби до вчера добија по 100 евра – ММС
ММС

Објавено на: 06/6/20 7:34 AM

Повеќе од шест милиони полнолетни Срби до вчера добија по 100 евра

Еднократна државна парична помош од по 100 евра до вчера на сметките им „легнала“ на повеќе од шест милиони полнолетни Срби, а за исплата преостанале уште околу 70.000.

Српската Влада претходно донесе одлука, како помош поради кризата со коронавирусот, на сите полнолетни жители на Србија да им подели по сто евра.