Oд утрово ќе има појава на повремен дожд. Преку денот ќе биде променливо облачно со повремено засилен јужен ветер. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. УВ=6. Mаксималната температура до 24 степени.
Од утре, според УХМР, следува период во кој во претпладнените часови ќе има умерена облачност со сончеви периоди, а попладне претежно ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В понеделник и в среда условите за појава на дожд и нестабилност ќе се помали.