Сергеј Трифуновиќ жестоко го навреди Ѓоковиќ – ММС
ММС

Објавено на: 06/8/18 7:48 AM

Сергеј Трифуновиќ жестоко го навреди Ѓоковиќ

До пред една година беше херој на сите Срби во светот, сега се натпреваруваат кој потешко ќе го навреди.

Се разбира, станува збор за Новак Ѓоковиќ кој една година чека на турнирска титула и е далеку од врвот на АТП листата. Последниот неуспех на “Ролан Гарос” го изнервира српскиот актер Сергеј Трифуновиќ кој на Твитер удри по поранешниот идол.

„Добро, момче, сега на сите ни одиш на нерви: почни да го јадеш тоа месо, батали карфиол и алги, па кога ќе се пензионираш, потпиша за ФК Вегетаријанец”, напиша Трифуновиќ.

По неговиот твит се разви дебата на социјалните мрежи, симпатизерите на Ѓоковиќ не му останаа должни, но ситуацијата е далеку од онаа кога сите го сакаа најдобриот српски тенисер на сите времиња.

Превземено од: sportclub.mk