Има ли Г точка или не? Не, ако мажот е мрзлив, ама… – ММС
ММС

Објавено на: 06/5/20 10:34 PM

Има ли Г точка или не? Не, ако мажот е мрзлив, ама…

Научниците од Медицинскиот центар во Мелбурн, Австралија спровеле студија посветена на потрагата по легендарната Г-точка. Лекарите ги прегледале телата на 13 жени на возраст од 32 до 97 години и не пронашле нервни завршетоци на предниот ѕид на женскиот полов орган.

Г-точката за прв пат се споменува во 50-тите години на минатиот век. Германскиот гинеколог Ернст Грефенберг тврди дека има женски аналог на жлездата на простатата на предниот ѕид на вагината и стимулацијата на оваа област може да и донесе на жената посебно задоволство. Последователно, постоењето на Г-точката  многу често е доведено под знак прашање на научници од различни земји. Д-р Натан Хог, кој ја водел студијата на австралиските научници, е убеден дека Г-точката не постои како посебно тело. Сите пријатни сензации што се јавуваат при стимулирање на предниот ѕид на вагината се должат на близина на клиторисот, а не на акумулацијата на нервните завршетоци во оваа област.

„Главниот заклучок на нашата студија е фактот дека Г-точката во форма што првично ја забележал Грефенберг и последователно е популаризирана ја нема во телото“, рекол д-р Натан Хог.

Сепак, не сите се согласуваат со заклучоците на австралиските научници. Познатиот британски експерт за секс Ребека Дакин е убедена дека студијата на нејзините колеги од Мелбурн, има за цел да ги оправда мрзливите мажи кои не сакаат да губат време на женско задоволство, туку директно пристапуваат на половиот однос.

“Нема сомнение дека Г-точката постои. Прашајте која било жена и таа ќе ви каже дека истражувачите не се во право”, изјавила Ребека Данкин.

Извор: Здраве.то