На предлог на Министерство за образование и наука, Владата денеска донесе измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба со цел овозможување редовна организација на високообразовните установи во делот на уписите на сите степени на високообразованите институции.
На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата и ја донесе одлуката за бројот на студенти за запишување во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола, Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” – Охрид и Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје, во учебната 2020/2021 година, како и Одлуката за дополнителни квоти за запишување студенти припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија во прва година – прв циклус на студии на овие јавни високообразовни установи.
На оваа седница на Владата направено е и допрецизирање во членот 5 од Уредбата за законот за високо образование, кој предвидува дека на органите на универзитетите на кои мандатот им истекува за време на вонредната состојба мандатот, постапките за избор ќе ја започнат, односно продолжат во рок од 30 дена од завршување на вонредната состојба.
Со ова дополнување се регулира дека сите почнати постапки за избор на раководен орган пред стапување во сила на оваа уредба ќе се стават во мирување. Дејствијата кои се преземени претходно се сметаат за важечки, а останатите дејствија ќе продолжат по завршување на вонредната состојба и по престанок на ограничувањата предвидени со закон.