Добра вест за дебелките- не мора да ослабите!!! – ММС
ММС

Објавено на: 06/5/20 8:23 PM

Добра вест за дебелките- не мора да ослабите!!!

Секоја трета личност, која е убедена дека мора да ослаби од здравствени причини, всушност не мора ни да се обидува да го изгуби вишокот килограми – интересна е пораката која стигнува од научниците од Монтреал. Тие спровеле студија во текот на која ги споредиле ефектите на нискокалоричната диета на две групи луѓе.

Во едната биле дебелите луѓе со здрав метаболизам, а во другата малку дебелките со ризик фактор. Истражувањето покажало дека  инсулинската резистенција кај ризичната група се подобрила дури за 26 проценти, додека кај другите се влошила за 13 проценти.

Научниците заклучиле дека околу 30 проценти од дебелите луѓе, што значи дека индексот на телесни маснотии им е поголем од 30, имаат сосема здрав метаболизам, а нивото на крвен притисок, нивото на шеќер во крвта и холестерол им се во граница на нормала. Освен тоа, тие исто така реагираат на инсулин, што не би требало да биде кај дебелките.

Затоа стручњаците порачуваат дека немаат сите причина да се „фрлат“ на диета, туку прво да ги проверат метаболичките маркери, па ако им се во ред, едноставно нека уживаат во својата килажа. Секако, со редовна физичка активност.