ДУИ ја соопшти својата предизборна програма. Лидерот Али Ахмети вели дека е време за прв албанец премиер на државата.
Тој на својот фејсбук профил напиша дека сите свои цели од кога е на врвот на партијата ги остварил, но сега дошло ред за високите цели.
-Заедно ги определивме и ги остваривме нашите цели и на оваа толку важна годишнина за сите нас, заедно да ја определиме нашата следна цел почнувајќи од следните избори, да ја реализираме определбата за да избереме ценета, почитувана и докажана личност, таа или тој кој што ќе го избереме заедно, за првиот АЛБАНЕЦ ПРЕМИЕР на земјава, пишува Ахмети.
Претседателот на владеачката партија СДСМ пак, Зоран Заев, одговори дека „доколку тоа е условот тогаш влада нема да има“.
-Доколу СДСМ победи на изборите, јас сум кандидатот за претседател на Влада и ќе бидам премиер кој еднакво се бори за подобар живот на сите граѓани. Доколку ДУИ има ваков услов за коалиција за Влада тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада, вели Заев.