Фетаху вд поглаварот на ИВЗ: Верниците да бидат внимателни, Ковид 19 не е игра, туку сероизна и тешка болест – ММС
ММС

Објавено на: 06/5/20 4:49 PM

Фетаху вд поглаварот на ИВЗ: Верниците да бидат внимателни, Ковид 19 не е игра, туку сероизна и тешка болест

Верниците треба да бидат внимателни, бидејќи ова е тешка и сериозна болест и со своето однесување да придонесат во грижата за здравјето и заштита од болеста, порача Шаќир ефенди Фетаху вршителот на должноста поглавар на ИВЗ во Македонија во оценката за пандемијата.

Гостиварскиот муфтија Шаќир ефенди Фетаху кој од скоро е на чело на ИВЗ, пред петочната молитва во Саат Џамијата во Гостивар упати порака во која бара поголема одговорност од верниците за време на пандемијата.

– Сите верници треба да бидат внимателни и нивната сериозност да придонесат во заштитата како лична така и на семејствата и воопшто на целото општество. Оваа болест е тешка и заразна и нема игра со неа. Сите ние со нашиот однос треба да помогнеме во нејзино елиминирање. Затоа и упативме апел за поголема серизоност и преупредивме дека состојбата не е надмината, изјави Шаќир ефенди Фетаху.

Гостиварскиот муфтија денеска дојде за прв пат дојде на молитва во Саат Џамијата откако е назначен за вд поглавар на ИВЗ.

Вчера во соопштение до верниците, гостиварското муфтиство дозволи молитви и препорача тие да се завршат пред почеток на полицискиот час и со препорачаната заштита од здравствените власти.