Во изминатото деноноќие во нашата земја се извршени 1.245 тестирања за Ковид-19, потврдени се нови 177 позитивни случаи.
Од Институтот за јавно здравје за МИА информираа дека најмногу позитивни случаи од коронавирус се регистрирани во Скопје – 105 лица.
Од почетокот на епидемијата во земјава досега се регистрирани 2.787 заболени лица од Ковид-19, во моментов се активни 1.009 случаи.