Убаво е да се има гости, но во услови на пандемија, добро би било и да се почитуваат пропишаните мерки. Сепак тоа не се случува вели градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов.
Вклучена е и граничната полиција и за жал се казнуваат луѓе кои што се собрани во поголеми групи, без маски и не се држат растојание. Се пишуваат и казни.
Според проценките на градоначалникот во моментов има од 10-15.000 гости.
,,Во моментов е многу раздвижено на патеката. Бев на лице место и видов дека сите луѓе се шетаат без никаква заштитна опрема. Ние од синоќа бевме во контакт и со МВР и со Граничната полиција.Тие се на терен, работат, укажуваат а има и изречени и платни налози.Сето ова се прави за да се подигне свеста кај посетителите, дека треба да се почитуваат мерките на Владата пред се’ заради нив и за сите останати околу нив,“ вели Ангов.
Според Ангов сите викендици се преполни, а има и голем број посетители кои што се тука на еден ден. Градоначалникот Ангов апелира до сите посетители да бидат совесни и одговорни.Тој најави дека во текот на утрешниот ден општината ќе вклучи и радари, кои ќе ги растеруваат групираните гости, а потсети и дека тие кои понудиле сместувачки капацитети мора да ги запазат мерките пропишани за време на епидемија.