Задолжителен 14-дневен карантин во Бугарија за македонски државјани при влез во таа земја – ММС
ММС

Објавено на: 06/5/20 12:26 PM

Задолжителен 14-дневен карантин во Бугарија за македонски државјани при влез во таа земја

Бугарското Министерство за здравство издаде наредба за задолжителен 14-дневен карантин за лица кои од Македонија ќе пристигнат во Бугарија.

Имено, како што јави БГНЕС, со истата наредба се укинува задолжителниот двонеделен карантин за граѓаните кои пристигнуваат од Босна и Херцеговина и од Црна Гора во Бугарија.

Двете промени се предложени од Главниот државен здравствен инспекторат на Бугарија по оценката на епидемиолошката состојба и ризикиот од ширење на Ковид-19 во Бугарија.