Невиден грабеж: Од автосалон украле 80 автомобили за време на протестите во САД – ММС
ММС

Објавено на: 06/5/20 10:35 AM

Невиден грабеж: Од автосалон украле 80 автомобили за време на протестите во САД

Протестите во САД поради смртта на Џорџ Флојд, кој настрада поради полициска бруталност, траат десетти ден, а таквата ситуација се злоупотребува за многубројни кражби од салони, дуќани…

Сепак, веројатно најголемиот таков грабеж се случил во луксузен автосалон во градот Сан Леонард во Калифорнија, кој бил „исчистен“. Украдени биле дури 80 автомобили, чија вредност е 2,7 милиони долари.

Арамиите упаднале во салонот, успеале да го разбијат сефот во кој се чувале клучевите за сите автомобили во салонот и ги изнеле возилата. Полицијата успеала да пронајде и врати дел од украдените автмобили, но повеќео од нив биле во лоша состојба, па треба да се размонтираат и да се продаваат на делови.