МВР-билтен: Струмичанка усмртена од камион, кичевец од мотокултиватор, Албанка на граница скриена во камионска кабина… – ММС
ММС

Објавено на: 06/5/20 9:56 AM

МВР-билтен: Струмичанка усмртена од камион, кичевец од мотокултиватор, Албанка на граница скриена во камионска кабина…

На 04.06.2020 околу 10.40 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Е.И.(34) од с.Чегране, гостиварско, поради тоа што по вербална расправија со остар предмет му нанел неколку убодни рани на Б.А.(37) од истото село. Б.А. бил пренесен во Ургентен центар Гостивар каде му била укажана лекарска помош. Е.И. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.06.2020 во 14.45 часот на влез во Р.С.Македонија, при контрола во товарно возило „ман“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.А.(50) од с.Горенци, општина Дебарца, царински службеници ја пронашле Л.Л.(20) од Р.Албанијаскриена во кабина на возилото. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.06.2020 во 17.40 часот кај стариот градски „Зелен пазар“ во Виница, претходно паркирано товарно возило „застава“ без регистарски ознаки се придвижило и удрило во две лица. Притоа, од здобиените повреди на местото починала З.А.(47) од Струмица, додека едно машко лице било пренесено Медицински центар Кочани за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Виница.

На 04.06.2020 во 16.30 часот на крстосницата од ул.„Никола Тесла“ и ул.„Руѓер Бошковиќ“ во Скопје, патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ѓ.(28) од Скопје, удрило во велосипед управуван 17-годишен малолетник од Скопје. По незгодата велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

На 03.06.2020 во 19.45 часот на регионалниот пат Струмица-Берово, делница с.Дабиле-с.Петрилинце, Ј.Д.(33) од с.Дабиле, управувајќи мотоцикл „Хонда“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. По незгодата, мотоциклистот бил пренесен во Јавната здравствена установа Струмица каде му биле констатирани тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Струмица.

На 04.06.2020 во Полициската станица Карпош, вработена во Јавната установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено здравје – организационата единица Влае пријавила дека нивната штитеничка М.С.(17), за која на 30.05.2020 беше пријавено дека се оддалечила од установата, се вратила во домот.

На 04.06.2020 во 22.57 часот во СВР Штип, М.С.(32) од с.Русиново, беровско пријавила дека настанал пожар во атар на с.Русиново во кој горела шума. Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Берово и Шумското стопанство „Малешево“ – Берово. Повредени лица нема. Увид бил извршен.

На 04.06.2020 во 16.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Другово, кичевско, Ц.З.(54) од селото, додека извршувал работи на нива со мотокултиватор ја исекол ногата и од здобиените повреди починал на местото. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

На 04.06.2020 во 13.50 часот во Полициската станица Аеродром, Ј.П.(41) од Скопје пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ била касната од куче скитник.

На 04.06.2020 во 14.25 часот во Полициската станица Карпош, А.Т.(21) од Скопје пријавила дека на ул.„Миле Поп Јорданов“ била касната од куче скитник.