Американски полицајци истрелаа 22 куршума кон Босанец, го погодија со осум, но преживеал – ММС
ММС

Објавено на: 06/5/20 7:59 AM

Американски полицајци истрелаа 22 куршума кон Босанец, го погодија со осум, но преживеал

Мажот кого полицајците го застрелаа во Бруклин (САД), откако ги нападна со нож, во моментот е под истрага поради можна поврзанст со тероризам, пишуваат американские медиуми, а пренесува сараевски „Аваз“.

Осумничениот е идентификуван како Џенан Чамовиќ (20), државјанин на Босна и Херцеговина. Од полицијата соопштија дека нема криминална историја, но се истражувала можноста за негова поврзаност со ИСИЛ и со други терористички организации.

Градоначалникот на Њујорк соопшти дека сите тројца полицајци што ги нападнал Чамовиќ исто така биле доселеници во САД. Федералните агенти вчера извршиле претрсес во домот на Чамовиќ.

„Се шокирав кога слушнав дека со нож убол полицаец. Тоа е неверојатно. Изгледаше како добро и мирно момче“, вели Давид Сонг, сосед на Чамовиќ.

Чамовиќ е тешко ранет по инцидентот со полицијата во средата вечерта, откако со нож ранил полицаец, а уште двајца повредил, па сите тројца полицајци сега се во болница.

Полицајците истрелале 22 куршума кон Чамовиќ, од кои осум го погодиле, но тој успеа да преживее.