Трамп ја помилува затвореничката за која се залагаше Ким Кардашијан – ММС
ММС

Објавено на: 06/7/18 2:53 PM

Трамп ја помилува затвореничката за која се залагаше Ким Кардашијан

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја помилува Алис Мари Џонсон, која беше осудена на доживотна казна затвор за продажба на дрога. Вчерашната одлука за помилување на Џонсон која од денес веќе е на слобода, следува по минатонеделниот разговор на Трамп со телевизиската ѕвезда Ким Кардашијан Вест, која побара нејзино помилување.

Џонсон им се заблагодари на Трамп и Кардашијан, давајќи заклетва дека нема да се врати во затвор:

„Нема да ја пропуштам оваа втора шанса во животот. Верувам дека Господ ми ја даде оваа шанса, кои многу други ја немаат. Имам обврска не само кон моето семејство, кое ме чекаше сите овие години, туку и кон луѓето што останаа зад мене“, рече таа.

Белата куќа соопшти дека Џонсон презела одговорност за нејзиното поранешно однесување и изминативе две децении, била пример за затвореник.