Прекинато запишувањето на првачињата во О.У Истигбал во Тетово, наставник позитивен на вирусот – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/20 3:18 PM

Прекинато запишувањето на првачињата во О.У Истигбал во Тетово, наставник позитивен на вирусот

Од оваа образовна институција велат дека училиштето е затворено, дезинфицирано и уписот на првачињата ќе продолжи после 15 јуни.

Сите колеги  на заразениот наставник се ставени во изолација. Здравјето на родителтие и децата кои се запишувале не е загрозено, затоа што овој процес се водел во една просторија каде позитивниот наставник на КОВИД 19 воопшто не влегувал внатре.

Веднаш ги презедовме потребните мерки. Сите оние кои биле во физички контакт со наставникот самоволно се ставени во самоизолација. Во самоизолација се наоѓам и јас. Треба утре да го направам тестот и другите наставници допрва треба да бидат тестирани. Овој наставник не бил поврзан со процесот на упис на учениците во училиштето бидејќи, според здравствените препораки, уписот се одвива во посебна просторија и го прави посебна комисија составена од педагогот, психологот и две наставнички од нижите одделенија.Сега вршиме дезинфекција на просторот во и надвор од училиштето. Поради ова, уписот на првачињата во училиштето е во прекин и ќе продолжи после 15 јуни“,  изјави директорот Реџеп Алили.

Од Секторот за јавни дејности на Општина Тетово го потврдуваат случајот и велат дека се преземени сите заштитни мерки, како во училиштето „Истикбал“ така и во сите други основни училишта каде деновиве се врши упис на првоодделенците

Инаку корона-кризата затвори е еден текстилен погон во Тетово откако кај еден вработен во оваа фирма бил утврдено присуството на КОВИД 19.