Група меѓународни истражувачи на чело со д-р Ли Смит од Универзитетот Англија Рускин во Кембриџ ја испитувале врската помеѓу телесната тежина кај жените и мажите. За љубителите на кафе, особено за дамите резултатот е одлична вест. На база на истражувањето утврдена била значителна пропорционалност помеѓу пиењето кафе и намалената тежина.
-Кафето или неговите ефективни состојки би можеле да се вклопат во здравата стратегија за исхрана, за да се намали товарот на хронични заболувања поврзани со вишокот килограми, вели д-р Смит.
Кај жените на возраст помеѓу 20 и 44 години кои на ден пиеле по две-три шолји кафе, било забележано најниско ниво на масно ткиво.Кај мажите пак, на возраст помеѓу 20 и 44 години масното ткиво е пониско за 1,3 отсто, а масните наслаги на стомакот се пониски за 1, 8 отсто.
И научници од Универзитетот на Вашингтон исто така сметаат дека кафето треба да биде составен дел од менито, но во комбинација со другата здрава храна.