Најмногу деца минатата година се родиле во јули – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/20 2:18 PM

Најмногу деца минатата година се родиле во јули

Според податоците од Државниот завод за статистика во месец јули минатата година се родени најмногу деца.

Вкупно во нашата држава родени се 19 986 деца, од кои живородени деца се 19 845, a 141 e мртвородено дете. Бројот на живородените деца во 2019 година, во споредба со минатата година, е намален за 7.0 %. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51.8 %, односно на 100 живородени женски деца 107.4 се машки. Според месецот на раѓање, најголем број раѓања, 1 851, е регистрирано во месец јули. 33.9% од мајките биле на возраст од 25 до 29 години. Возраст од 25 до 29 години.Од малолетни мајки на возраст под 15 години се регистрирани 16 живородени деца.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29.2 години, а 27.5 години кај првите раѓања. Бројот на вонбрачните живородени деца е 2 454 или 13.4 % од вкупниот број на живородените деца се вонбрачни.