Поп пејачката Елена Миленковска стана мајка. Таа вчера вечерта во Белград роди син, кој по желба на родтелите ќе се вика Максим. И мајката и бебето се чувств уваат добро. На денот на нејзиниот именден, на празникот „Константин и Елена“ го доби најубавиот подарок.
-Мојата срека е голема до небо. Вчеравечер на свет дојде нашето мало чудо кое има 3.770 килограми. Му благодарам на Бога што имам можност да почувствувам толку големо количество љубов и што се остварив како мајка. Ти благодарам и на тебе сине Максиме, што вчера заедно се боревме што побргу да се видиме и гушнеме. Беше магично. Момент кој засекогаш ќе го паметам. Му благодарам на сопругот, најголемиот мој пријател и поддршка. Ти благодарам што ми го подари најголемиот подарок , бидејќи Максим е круна на нашата љубов. Многу ве сакам, семејство мое и едвај чекам да си дојдеме дома и нашите мириси да се спојат, напиша среќната мајка на својот Инстаграм профил.
На среќата и нема крај и во семејството на Елена. Оттаму велат дека таа се породила во Белград и тоа природно.
„И му благодариме на Бога“ што се помина во ред. И Елена и бебето се чувствуваат добро. На среќата и нема крај. Ете. Вчера на Елена и беше именден и Господ и го подари најубавиот поклон“, велат нејзините родители.
https://www.instagram.com/p/CBAgfTfntLZ/?utm_source=ig_web_copy_link