Смртта на Џорџ Флојд е предизвикана од срцев удар, заклучил официјалниот патолог на округот Хенепин, откако била извршена конечната обдукција врз телото на Афроамериканецот убиен за време на апсење, поради што десетина дена во САД има масовни протести и нереди.
Во извештајот на д-р Ендрју Бејкер се вели дека вратот на Флојд бил притиснат кога полицаецот Шовин го стегнал со коленото и го држел така повеќе од осум минути, но то не била директна причина за смртта. Семејството на Флојд претходно финансираше независна обдукција, во која се наведува „задушување од постојан притисок“ како причина за смртта.
Во новиот извештај се наведува и дека Флојд имал бројни модринки и исекотини на главата, лицето, устата, рамењата, рацете и на нозете, но нема докази дека било која од овие повреди била фатална. Флојд бил и срцев пациент, страдал од висок крвен притисок и неодамна се тестирал позитивно на коронавирус, но без никакви индикации.