Најмалку 39 лица се повредени во денешниот напад со нож во градинка во јужна Кина од страна на чувар на установата, јавуваат кинески медиуми. Локалните власти во регионот Гуангкси соопштија дека 37 деца и двајца возрасни – директорот на градинката и уште еден чувар, завршиле со повреди од различен степен. Државните медиуми објавија дека напаѓачот бил 50-годишен чувар во училиштето чие презиме е Ли.
Осомничениот бил приведен, а во тек е истрага. Сиките објавени на социјалните мрежи покажуваат деца со завои кои излегуваат или се ноат во здравствен центар, пред кој има многу луѓе.