Инцидент: Високите бонуси во СЈО денеска ја соблекоа Катица Јанева – ММС
ММС

Објавено на: 06/3/20 5:22 PM

Инцидент: Високите бонуси во СЈО денеска ја соблекоа Катица Јанева

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева денеска направила инцидент во Државниот завод за ревизија додека ревизорите и ги презентирале наодите од ревизијата за финансиското работење на СЈО.

Јанева во еден момент почнала да се однесува дрско и непристојно, по што ја соблекла и облеката. Таа одбила да даде каква била изјава во врска со настанот.

Од полицијата го потврдија инцидентот.

-Во 10:30 часот  К.Ј (1965) по наредба од Основен кривичен суд Скопје била спроведена во Држвен завод за ревизија  во Палатата „Емануел Чучков“, каде го нарушила јавниот ред и мир со дрско и непрстојно однесување на јавно место. Сочинет е записник за констатираниот прекршок, соопштија од МВР.

Била повикана итна помош и и е дадена инекција за смирување, а таа е префрлена во станот на нејзиниот син,  каде е во куќен притвор.

Во присуство на обвинител од Обвинителството за организиран криминал каде се води предистражна постапка за високите бонуси на СЈО, на Јанева како одговорно лице на СЈО, и бил презентиран извештајот на ДЗР за извршената ревизија на финансиското работење на Специјалното обвинителство.