Осум пациенти позитивни на Ковид 19 хоспитализирани во битолската болница – ММС
ММС

Објавено на: 06/3/20 4:38 PM

Осум пациенти позитивни на Ковид 19 хоспитализирани во битолската болница

Во моментов во Клиничката болница во Битола која е и регионален Ковид центар се хоспитализирани вкупно 8 пациенти кои се позитивни на вирусот. Сите се од охридско-струшкиот регион, вели директорката на битолската болница, д-р Билјана Гагачовска.

-Двајца пациенти се на кислородна поддршка, но нивната состојба е стабилна. Пациентите се од струшко -охридскиот регион. Од Битола нема хоспитализирано пациент позитивен на Ковид 19. Вчера на Клиниката во Битола беа хоспитализирани 7 лица, но не беа сите позитивни. Податоците од вчерашниот ден беа 4 ковид позитиви пациенти со 3 суспектни, бидејќи имаме и еден друг дел на Инфективното одделение кој што е за суспектни пациени, додека ги добиеме резултатите понатаму ги тријажираме на другите одделенија каде има потреба. За тројцата пациенти суспектни пристигнаа негативни резултати, а во текот на попладнето и вечерта пристигнаа уште 4 нови ковид позитивни пациенти, рече д-р Гагачовска.

Инаку денеска битолската болница доби донација од бугарската амбасада во земјава и генералниот конзулат во Битола, кои со лични средства на службениците набавија скафандери по најнова технологија, кои докторите од првата линија ќе можат да ги користат 850 работни денови.

-Тоа се 17 облеки, по 50 пати, што значи 850 работни денови за докторите на прва линија. Облеката е најмодерната заштита, која е направена специјално за КОВИД т.е опасноста за докторите е апсолутно минимализирана, при што вирусот не може да влезе во телото, а телото може да дише“, изјави бугарскиот амбасадор, Ангел Ангелов.