Откриено каде е најчистиот воздух на земјата – ММС
ММС

Објавено на: 06/3/20 4:28 PM

Откриено каде е најчистиот воздух на земјата

Според научниците, најчистиот воздух на светот се наоѓа на Јужниот Океан што го опкружува Антартикот.Научници од Универзитетот во Колоардо се решиле да се обидат да го пронајдат аголот на земјата што е најмалку зафатен од влијанието на човекот.

Според  првата студија која го испитува составот на биоаеросоли во Јужниот Океан,идентификуван е  атмосферски регион кој е недопрен од човечкото влијание.

Професорката Соња Крајденвеис и нејзиниот тим претпоставуваат дека воздухот над Јужниот Океан е најмалку погоден од човечката активност и прашината од континентите.Граничниот слој на воздухот на тоа подрачје нема никакви аеросоли со честички што ги произвеле луѓето, како честитки од фосилно гориво, култури, пестициди или отпадни води.

Загадувањето на воздухот обично се јавува кога аеросолите, цврстите честички и гасот завршуваат во воздухот.

Истражувањето заклучува дека Антарктикот се чини дека е изолиран од ширењето на микроорганизмите од јужните земји.